Франција се надеваше прво дека ќе остане во Пари Сен Жермен, а потоа да игра за репрезентацијата во две натпреварувања ова лето. Сепак, ништо од тоа не се случи и Килијан Мбапе дефинитивно ќе мора да ја разочара нацијата.
Откако објави дека заминува од ПСЖ, сега се појавија информации дека дефинитивно нема да игра за Франција на Олимпијадата. Тој е еден од тројцата играчи на кои се сметаше како бонуси, играчи над 23 години за засилување на селекцијата на „триколорите“.
Очигледно Реал Мадрид во август смета на Французинот и не сака тој да настапи на Олимпијадата. Секако, Мбапе ќе одговори на поканата на селекторот Дидие Дешам за ЕП, но два турнири во едно лето во репрезентативниот дрес му се премногу.