Матиќ: Со Ибрахимовиќ се тепавме, но се каравме и околу музиката

560

Поранешниот српски репрезентативец Немања Матиќ помина само шест месеци заедно со Златан Ибрахимовиќ во Манчестер Јунајтед, а сега откри детали околу нивниот однос на теренот и надвор од него.
Во подкастот „Алесто“, Матиќ раскажа како на еден од првите тренинзи го лизгачки старт му влегол на Швеѓанецот, доволно за да се спречкаат.
Првиот тренинг со него беше опасен. Против него од старт мораш да влезеш јако. Ако не, тогаш Златан ќе те почувствува и готов си. Потоа те прозива… Тешко тебе“, вели Матиќ.

Златан е легенда. Се тепавме на тренинзи, на терен. Тој сака играчи кои влегуваат во дуели. Имавме едно место за кафе, зборувавме, ја сака нашата музија, зборувавме и за тоа, па неговиот правец за музиката беше таков што мене ми велеше дека немам поим. Тој е добар човек, неговата фамилија е прекрасна, тој остави одличен впечаток. Беше арогантен на теренот, а имаше право на тоа. Проблемот е кога нема такво нешто. Каде и да се појавеше навивачите го обожаваа поради харизмата и тој е еден од најдобрите напаѓачи во историјата“, изјави Матиќ за еден од најконтроверзните играчи на светот.

ПретходноРакометарите на Тиквеш со шпалир ги пречекаа фудбалерите кои вчера го освоија Купот на Македонија (ВИДЕО)
СледноФА го обвини Пакета дека се обложувал и намерно добивал картони!?