Денеска беше извршена ждрепката за претстојниот Гренд слем тениски турнир, Ролан Гарос, а на стартот ќе видиме дерби. Во првото коло ќе се соочат шпанскиот ветеран Рафаел Надал против победникот од Мастерсот во Рим, Александар Зверев.
Надал не е носител на турнирот, а со тоа доби тежок противник на стартот на турнирот. Зверев во моментов е во одлична форма и сигурно важи за фаворит за победа.
А Новак Ѓоковиќ во првото коло ќе игра против домашниот преставник Пјер Иго Ербер, а дури во финалето може да се сретне со некој од Карлос Алкарас и Јаник Синер кои сезонава се покажаа за најтешки противници за него.
Моментално Ноле настапува на турнирот во Женева, а во четвртфиналето за противник ќе го има Холанѓанецот Талон Грикспор кој во второто коло го совлада Канаѓанецот Денис Шаповалов.