Објавена е најдобрата петорка сезонава во НБА, во неа има само еден Американец!

1057

Јанис Адетокунбо (Милвоки), Никола Јокиќ (Денвер), Лука Дончиќ (Далас), Шај Гилџис – Александер (Оклахома) и Џејсон Тејтум (Бостон) е најдобрата петорка сезонава во НБА. Ова е изборот кој и се очекуваше и е речиси ист како и лани, но сега го има Јокиќ место Ембид.

Од имињата се гледа дека во најдобрата петорка има само еден Американец и тоа Тејтум.

Одбрани се и втората и третата петорка. Во втората се Брансон (Њујорк), Дејвис (ЛА Лејкерс), Дурент (Феникс), Едвардс (Минесота) и Леонард (ЛА Клиперс).

Додека во третата се Букер (Феникс), Кари (Голден Стејт), Халибартон (Индијана), Леброн (ЛА Лејкерс) и Сабонис (Сакраменто).

ПретходноДончиќ блескаше, Далас поведе во финалето на Западот! (ВИДЕО)
СледноНовак Ѓоковиќ испиша историја!