„Спорт“: Флик се договори со Барселона, потпишува договор на две години

452

Барселона, наводно, постигнала договор за условите на личниот договор со германскиот стручњак Ханс Дитер Флик. Веста вечерва ја објави каталонскиот венсик „Спорт“.

Според изворот, Барселона и Флик се договориле за двегодишен договор со можност за продолжување.

Се тврди дека германскиот стручњак со својата визија го убедил раководството на Барселона дека е соодветен кандидат за оваа функција. Самиот Флик би сакал да спроведе долгорочен проект.

Флик претходно беше на чело на Баерн Минхен и на германската репрезентација.

ПретходноМурињо има сериозна понуда од новиот саудиски прволигаш
СледноШок за Бохум: Фортуна (Д) славеше со 3:0 и е на чекор до враќање во Бундеслигата