Трабзонспор и Барди примија гол во 94. минута и го загубија куп-финалето (ВИДЕО)

173

Екипата на Бешикташ е нов освојувач на купот на Турција откако вечерва на стадионот „Ататурк“ во Истанбул во едно возбудливо финале со 3:2 го победи Трабзонспор на нашиот Енис Барди. Победата за Бешикташ дојде во 4. минута од судиското продолжение, откако Мусрати успеа да го донесе Бешикташ по вторпат во водство вечерва, што беше доволно за конечен успех.

Барди беше стартер во тимот на Трабзонспор, но не успеа да се израдува на трофејот. Трабзон прв поведе, по што следуваше пресврт кој го направија фудбалерите на Бешикташ за предност од 2:1. Во завршницата со голот на Пепе, Трабзонспор успеа да израмни на 2:2, но Бешикташ возврати за голема победа.

За истанбулскиот гигант ова беше 11-ти Куп трофеј, со што изби на второто место на вечната листа веднаш зад Галатасарај кој има 18 трофеи. Трабзонспор остана на 9 куп-пехари во својата клупска историја.

ПретходноКливленд изненадувачки му врачи отказ на тренерот Бикерстаф
СледноМурињо има сериозна понуда од новиот саудиски прволигаш