УЕФА го суспендира Чави и ја казни Барселона

6996

Европската фудбалска куќа ги изрече казните за Барселона и нејзиниот тренер Чави поради испадот на реваншот од четвртфиналето на ЛШ против Пари Сен Жермен. Барселона беше елиминиран од ПСЖ, Чави беше исклучен на тој меч поради остри реакции кон судијата Иштван Ковач. Причината беше црвениот картон за Роналд Араухо, па Чави мораше да се пресели на трибините, а на патот до таму клоцна еден држач на камера покрај теренот.
УЕФА го суспендира Чави на два натпревари, два меча за Серхи Роберто исто така поради протестите кон судиите, еден за исклучениот Араухо, а за Барселона парична казна од 60.000 евра.

ПретходноФФМ додели лиценци за Европа на седум клуба од ПМФЛ и три од ЖМФЛ
СледноПикси на кормилото на Србија најмалку уште две години