Гасперини: “Тоа е како кога си оженет, а ќе запознаеш преубава жена“

251

Џан Пјеро Гасперини и тоа како беше задоволен и среќен по победата на неговата Аталанта против Баер Леверкузен во финалето во Лигата на Европа. Ова за клубот од Бергамо беше првиот европски трофеј во клупската историја.

Инаку јавна тајна е дека за искусниот стратег има постојани понуди од други клубови. Вчера по мечот прашан од новинар дали си оди или останува во Аталанта, самиот Гасперини истакна:

Сега е време за славење, потоа ќе разговарам со претседателот и ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Инаку факт е дека сум во чудна ситуација. Тоа е исто како кога си оженет, имаш деца, ама ќе запознаеш преубава жена. Во таква ситуација сум сега“.

ПретходноШвајцарија со вајлд – карта на СП 2025!
СледноШкендија ако го мине 1.квалификациско коло во ЛК, тогаш и во второто ќе биде носител! (ФОТО)