Дончиќ блескаше, Далас поведе во финалето на Западот! (ВИДЕО)

212

Минесота – Далас 105:108 е епилогот од првиот меч во плеј – офот во конференециското финале на Западот. Лука Дончиќ уште еднаш се покажа како клучен фактор во тимот на Далас. Словенецот беше најдобар кога беше најпотребно, блескаше кога требаше да се даде најмногу и кога се кршеше резултатот.

Лука заврши со 33 поени, потоа 6 скокови и 8 асистенции, ама од овие 33 поени речиси половината ги даде во последната четвртина. Имаше и голема помош во Кајри Ирвинг кој со 30 поени, 5 скокови и 4 асистенции и тоа како го даде својот придонес за оваа победа, за овој “брејк“ до кој Далас дојде.

Се покажа дека ако сака Минесота да направи нешто повеќе во оваа серија тогаш ќе мора како знае и умее да го сопре овој тандем на Далас.

Антони Едвардс кај Минесота забележа 19 поени, 11 скокови и 8 асистенции.

ПретходноКавадарци ГОРИ: Хероите пристигнаа, следува лудо славје! (ФОТО)
СледноОбјавена е најдобрата петорка сезонава во НБА, во неа има само еден Американец!