Италијански стратег на клупата на Ајакс

529

Младиот италијански фудбалски стручњак Франческо Фариоли (35) и официјално беше претставен како нов тренер на холандскиот гигант Ајакс. Фариоли доаѓа во редовите на „копјаџиите“ откако оваа сезона ја предводеше француска Ница.

“Среќен сум што добив можност во толку голем клуб. Сакаме да се вратиме на основите и да се поврземе со она што го претставува Ајакс. Исто така, сакаме да внесеме нова енергија со позитивен начин на работа и размислување. Свесен сум дека има многу работа, но веќе почнавме со подготовките“, изјавил Фариоли, кој потпиша договор со клубот до 30 јуни 2027 година.

ПретходноШок за Бохум: Фортуна (Д) славеше со 3:0 и е на чекор до враќање во Бундеслигата
СледноЊукасл постави цена од астрономски 150 милиони фунти за Исак!