Надал против Зверев на стартот на Ролан Гарос, за Ѓоковиќ француски противник

335

 

Денеска беше извршена ждрепката за претстојниот Гренд слем тениски турнир, Ролан Гарос, а на стартот ќе видиме дерби. Во првото коло ќе се соочат шпанскиот ветеран Рафаел Надал против победникот од Мастерсот во Рим, Александар Зверев.

Надал не е носител на турнирот, а со тоа доби тежок противник на стартот на турнирот. Зверев во моментов е во одлична форма и сигурно важи за фаворит за победа.

А Новак Ѓоковиќ во првото коло ќе игра против домашниот преставник Пјер Иго Ербер, а дури во финалето може да се сретне со некој од Карлос Алкарас и Јаник Синер кои сезонава се покажаа за најтешки противници за него.

Моментално Ноле настапува на турнирот во Женева, а во четвртфиналето за противник ќе го има Холанѓанецот Талон Грикспор кој во второто коло го совлада Канаѓанецот Денис Шаповалов.

 

ПретходноПикси на кормилото на Србија најмалку уште две години
СледноРозовиот картон „дебитира“ на Копа Америка 2024