Ардијан Нухиу се враќа на Косово и ќе биде прв тренер на екипата на Гњилане. Според информациите кои се појавија денеска, екс-тренерот на Шкендија се договорил за преземање на косовскиот прволигаш.
Во стручниот штаб заедно со Нухиу ќе биде и Муарем Бајрами, додека на позиција псортскидиректор на тимот ќе се најде Ертан Демири.
Екипата на Гњилане сезоната ја заврши на последното место кое обезбедуваше опстанок во косовската Суперлига.