Со победата над Воска Спорт од 2:1 во финалето на Купот на Македонија тимот на Тиквеш не само што го освои пехарот во ова натпреварување туку се здоби со право да ја претставува Македонија во фудбалска Европа ова лето.
Кавадарчани ќе започнат во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции и се наоѓаат во групата на неносители.
Инаку познати се дел од можните ривали на кавадарчани, а тоа се Жалгирис, Сараево, Олимпија, Бреидаблик, Дуделанж, Тирана, Влазнија Скадар…
Ждрепката е на 18/19 јуни а мечевите од 1.квалификациско коло се играат на 11 и 18 јули.