Пелистер рутински во Струга и е на чекор до титулата

154

Актуелниот шампион на Македонија Е. Пелистер забележа триумф на гостувањето кај Струга од 24:35 во претпоследното коло од плеј-офот во ракометната Суперлига. Мечот беше во егал во првите дваесет минути кога резултатот беше 10:10, а потоа битолчани се „одлепија“ и до крајот на првото полувреме имаат водство од 12:16.
Во второто полувреме шампионот рутински го одработи мечот за конечни 24:35. Кај Пелистер најефикасен беше Цветан Кузмановски со осум гола.
Пелистер во последното коло ќе игра против Алкалоид на домашен терен од кого загуби во финалето на Купот на Македонија.

Пелистер сега 38 бода на првото место, додека Вардар е втор со 33 бода и меч помалку.

ПретходноБарса, Јуве и Баерн си најдоа нови тренери, а Де Брујне нов клуб!
СледноУжас: Брутална тепачка на фановите по завршувањето на финалето на Купот на Чешка! (ВИДЕО)