Младата репрезентација на Македонија до 19 години запиша победа на вториот пријателски натпревар против соодветната селекција на Црна Гора одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Нашите млади фудбалери по првото полувреме имаа негатива од еден гол, а во второто полувреме го свртеа резултатот и славеа победа. Црна Гора поведе со гол на Заковиќ во 26 минута, а потоа Гаштаров во 73 минута и Алмир Пограѓа во 86 минута ја донесоа победата над Црногорците.
Да потсетиме Македонија У19 на првиот контролен меч пред неколку дена, исто така во Скопе загуби од Црна Гора со 1:5.
Дома Фудбал Млади репрезентации По дебаклот малку сонце – Македонија У19 славеше над Црна Гора на...