Новиот напаѓач на Интер, Мехди Тареми пристигна во Милано со својот агент Федерико Пасторело. Репрезентативецот на Иран ќе му се приклучи на Интер како слободен фудбалер, откако неговиот договор со Порто истекува на 30 јуни.
Како што објави Фабрицио Романо, искусниот напаѓач веќе ги поминал медицинските прегледи во гигантот од Серија А и потпишал двегодишен договор со опција за уште една година.
⚫️🔵🇮🇷 Mehdi Taremi, already in Milano with agent Pastorello as he’s joining Inter on free transfer from Porto.
Medical already completed, contract already signed. pic.twitter.com/vXIYeNquDQ
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 23, 2024