Тимовски си замина од Гостивар!

1473

Ангелче Тимовски (29) дефанзивец од Пробиштип не е повеќе член на Гостивар. На десниот бек му истече договорот и тој одлучил да се раздели со клубот кој е најнепријатното изненадување во штотуку завршената сезона во ПМФЛ. Јавна тајна е дека Гостивар го имаше веројатно најголемиот буџет во елитата, но на крајот “успеа“ да се најде само на 9.место, едно место погоре од Вардар кој имаше десет пати помал буџет.

Значи зад Гостивар е ужасна сезона.

Што се однесува до Тимовски, тој во досегашниот дел од кариерата бил член и на Силекс, Победа, Шкендија и Шкупи.

ПретходноКога беше дете со Адеми правеше селфи и го носеше неговиот дрес, сега заедно го држат победничкиот пехар! (ФОТО)
СледноШвајцарија со вајлд – карта на СП 2025!