ФФМ додели лиценци за Европа на седум клуба од ПМФЛ и три од ЖМФЛ

2560

Одделнието за лиценцирање во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека Комисијата за лиценцирање по комплетирање на процесот на лиценцирање на клубови за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2024/25 во кое се пријавија десет клубови (ФК Струга Т.Љ., ФК Македонија Ѓ.П., ФК Работнички, ФК Силекс, ФК Шкендија, ФК Шкупи, ФК АП Брера, ФК Тиквеш, КФГ Гостивар и ФК Воска) од Прва МФЛ и четири клубови (ЖФК Љуботен, ЖФК Каменица Саса, ЖФК Тиверија, ЖФК АСС Јунајтед) од Прва ЖМФЛ, а по преглед на доставената документација ги донесе следните одлуки:

Се издава лиценца за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2024/25 на клубовите:

1.  ФК Струга Трим Љум – Струга

2.  ФК Тиквеш-Кавадарци

3.  ФК Работнички  – Скопје

4.  ФК Воска -Охрид

5.  ФК Шкендија – Тетово

6.  ФК Шкупи 1927 – Скопје

7. ФК АП Брера-Струмица

Се издава лиценца за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2024/25 на клубовите од Прва ЖМФЛ:

1. ЖФК Љуботен – Тетово

2. ЖФК Каменица Саса – Македонска Каменица

3. ЖФК Тиверија – Струмица

ЖФК АСС Јунајтед се откажа од процесот на лиценцирање за УЕФА сезона 2024/25.

ПретходноПо дебаклот малку сонце – Македонија У19 славеше над Црна Гора на вториот тест меч
СледноУЕФА го суспендира Чави и ја казни Барселона