Крилниот фудбалер Матеј Цветаноски не е веќе играч на Брера затоа што актуелниот договор му истече и истиот не е продолжен. 26-годишнот фудбалер сега е слободен фудбалер и може да преговара со други клубови.
Изминатата првенствена сезона Матеј четири пати ги тресеше противничките мрежи а уште толку беше асистент во вкупно 25 првнествени натпревари од Првата фудбалска лига на Македонија.
Цветаноски е поранешен играч на Шкупи, Пелистер, Вардар, на албански Партизани и Ѓермот од Унгарија.