Каква чест за Димитријевиќ, цела сала скандираше: МВП, МВП…(ВИДЕО)

313

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ го однесе својот Уникс Казан во финалето на ВТБ-лигата, на чекор до одбрана на титулата. Нашиот најдобар кошаркар повторно беше лидер во редовите на својот тим, во финишот кога противникот успеа да се закани, тој реализираше серија на поени за голема победа.

Нено во Уникс го покажа сиот свој потенцијал, лани беше прогласен за МВП на финалето, а оваа сезона за МВП во регуларниот дел од сезоната. И сето ова сосема заслужено.

Фановите не останаа должни за неговата нова неверојатна партија во мајсторката против Локомотив, тие додека изведуваше слободни фрлања му скандираа „МВП“…

 

Нено мечот го заврши со 31 поен, шест скока и шест асистенции, и беше убедливо најдобриот кошаркар на теренот.

ПретходноСУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ
СледноУ-21: Канатларовски го објави списокот за мечевите со Полска и БиХ!