Сега и дефинитивно е јасно кои екипи ќе ја претставуваат Македонија во фудбалска Европа за сезоната 2024/25. Струга ТЛ како првак ќе игра во квалификациите во Лигата на Шампионите, Тиквеш како победник во Купот и Шкендија како втора во првенството ќе играат во квалификациите во Лигата на Конференции.
Што се однесува до тетовци, со оглед на коефициентот што го имаат а тој изнесува 8.000, на стартот ќе биде носител, ама ќе биде носител и во 2.квалификациско коло, се разбира ако го мине првото.
Инаку ова се дел од можните ривали на Шкендија во првото и второто квалификациско коло во ЛК.
Познато е дека ждрепката е на 18/19 јуни, мечевите од 1.коло се на 11 и 18 јули, а средбите од 2.квалификациско коло во ЛК се закажани за 25 јули и 1 август.