Легендарниот менаџер на лондонски Арссенал, Арсен Венгер, продолжува да се залага за темелна промена на правилото за офсајд во фудбалот.
Како што пишува англиски „Ток Спорт“, Венгер смета дека тековното правило кое вели дека играчот е во офсајд ако некој дел од неговата глава, тело или стапала е поблиску до гол линијата на противникот од топката и од вториот последен противнички играч, треба да се промени.
Венгер сака да се заложи за огромна промена на правилото кое е во сила од 1990 година. Венгер, кој сега работи како шеф за глобален фудбалски развој на ФИФА, верува дека ако некој дел од телото на кој играчот може да постигне гол е сè уште во линија со одбранбениот играч, тоа не треба да биде офсајд.
Тој вели дека за да биде офсајд треба ниту еден дел од телата на играчот кој оди во напад и дефанзивецот на екипата која се брани не треба да се поклопуваат. Резултатите од испитувањата во Шведска, Италија и Холандија се покажале како позитивни и го убедиле Венгер дека оваа промена треба да се донесе што поскоро.