Познато е колку Барселона треба да му плати на Чави и на неговиот стручен штаб

1609

Отштетата што Барселона им ја должи на Чави Хернандез и на неговиот стручен штаб со оглед на отказот на тренерот е во вкупна вредност од 15 милиони евра, пишува каталонското издание „Ла Вангардија“.

Како што е познато, договорот на клупската легенда ќе биде раскинат една година пред истекот. Околу половина од обештетувањето е должно на Чави, а остатокот на неговиот тим. Сепак, раководството очекува како член на клубот поранешниот играч за врска да се откаже од својот дел од обештетувањето, па „блауграните“ ќе треба да платат само 7 милиони евра како обештетување.

Последниот натпревар на Чави на чело на Барса е в недела против Севиља, а локалните медиуми се уверени дека негов наследник како тренер ќе биде Ханси Флик.

ПретходноКаква бламажа – Њукасл изгуби 0:8 од тим кој досега не победил никого
СледноЃоковиќ по елиминацијата: Нормално е дека сум загрижен!