Историски момент во Кавадарци: Прв кошаркарски турнир за лица со инвалидитет

101

Од денес 24-26 мај во Кавадарци ќе бидеме сведоци на еден историски настан – отворањето на првиот историски кошаркарски турнир за лица со телесен инвалидитет во нашата држава.

“Ова е можност да покажеме дека спортот нема граници и дека секој има право да се натпреварува и да ги покаже своите вештини, без разлика на физички способности.

Од името на кошаркарите се заблагодараме на општината Кавадарци и на градоначалникот Митко Јанчев за целокупната поддршката и иницијатива да се организира ваков турнир.

Голема благодарност до тимовите од Србија и Грција кои одговорија и кои денес со нас креираат една спортска историја.

Овој турнир нека ни биде можност да се дружиме, да се натпреваруваме фер и коректно, но пред се да се радуваме на заеднички спортски дух и енергија.

Нека победи најдобриот, а нашата желбата е сите учесници да си одат дома со насмевка на лицето и чувство на гордост што се дел од овој голем спортски настан.

Турнирот нека ни биде незаборавно искуство и нека стане традиција која ќе ја негуваме и развиваме во иднина.

Со среќа на сите”, велат од тимот на нашиот тим на кошарка во количка.

ПретходноВенгер не отстапува, бара промена на правилото за офсајд
СледноОФИЦИЈАЛНО: Лапорта му врачи отказ на Чави