Јован Качевски од Струга, еден од нашите најдобри делители на правдата, е одреден за главен судија за неделниот бараж меѓу Вардар и Детонит. Познато е дека мечот се игра во Струмица со почеток од 17 часот, а победникот во следната сезона ќе игра во нашата елитна лига.
Помошници на Качевски се Слаѓан Марковски и Даниел Василевски, додека четврти е Александар Урошевиќ.
Инаку познати се и судиите за бараж средбите за пополнување на ВМФЛ, мечеви кои се играат утре од 17 часот.
БАРАЖИ ЗА ВМФЛ
Вардарски – Кораби: Александар Грујоски (Кичево)
Победа – Куманово: Димитар Пилешков (Штип)
Влазерими – Борец: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)