Панатинаикос е првиот полуфиналист на фајнл-фор завршницата во Евролига, откако го совлада Фенербахче со 73-57. За противник во финалето кое прво за Пао по 2011 година, ќе го има подобриот од мечот Реал Мадрид и Олимпијакос.
Грчкиот тим мечот го отвори со 12-0, пред крајот на првата четвртина водеше со 22-11, на другата страна Фенер успеа на одморот да намали на 38-36, но и не да приреди целосен пресврт. Третата четвртина заврши со 18-14 во корист на Панатинаикос, кој до крајот успеа да ја одржува двоцифрената предност со која се стекна некаде кон средината на последната четвртина.
Лесор со дабл-дабл од 17 поени и 10 скокови го предводеше Пао, Нан постигна 14 додека кај Фенербахче најефикасни во овој убедлив пораз беа Хејс Дејвис со 14 и Гудуриќ и Сестина со по 10 поени.