Реал Мадрид ќе ја брани титулата во Евролига. Шпанскиот тим го победи Олимпијакос со 87-76 и си закажа финална пресметка со Панатинаикос.
„Кралевите“ до победата дојдоа благодарение на добрата игра во првата четвртина, отворија одлично, овој период го добија со 28-10. На другата страна грчкиот тим се обиде да дојде до пресврт, го подигна нивото на игра, но немаше сили, а ниту простор за сензација.
Џанан Муса со 20 поени беше прв стрелец кај победникот, Хезоња имаше 12 поени. Кај Олимпијакос, Петерс имаше 20 поени.