Реал ослабен во финалето на Лигата на шампиони

1411

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Аурелиен Чуамени ќе го пропушти претстојното финале во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд поради повреда на стапалото, изјави денеска тренерот на клубот Карло Анчелоти.

„Нема да биде подготвен за финалето, ќе се фокусира на опоравување за ЕП“, изјави Анчелоти.

Чуамени се повреди на реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Баерн Минхен.

Финалето на Лигата на шампионите е закажано за 1 јуни.

ПретходноНиколов стрелец во ремито на Сондеријске
СледноТијаго Мота од Јувентус ќе побара да му донесат двајца играчи на Болоња