Некогашниот легендарен напаѓач на Манчестер Ј. и на англиската репрезентација, Вејн Руни би можел да го преземе второлигашот Плимут.
Поранешниот англиски репрезентативен е во преговори со клубот кој во последното коло избегна испаѓање од Чемпионшип.
Плимут заврши на 21. место, со 51 бод, еден повеќе од Бирмингем (поранешниот клуб на Руни, каде што беше отпуштен во јануари). Шефот на клубот Нил Деуснип е заинтересиран да го повика Руни во тимот, откако и двајцата се знаат од времето поминато во Евертон.