Сосема очекувано: Димитријевиќ во дрим тимот на полуфиналните битки во ВТБ-лигата

77

Ненад Димитријевиќ се најде во тимот на колото за полуфиналните битки во ВТБ-лигата. Овој податок веќе не е изненадување бидејќи македонскиот репрезентативец повторно беше причината за пласман на Уникс Казан во финалето на ова натпреварување, каде титулата ќе ја брани против ЦСКА Москва.

Димитријевиќ во моментите кога се решаваше победникот постигна серија на поени и го отвори патот на Уникс кон победата. Нено постигна 31 поен, 6 скока и 6 асистенции.

Овој дел од плеј-офот го заврши со 18,9 поени, 4,1 скок и 7,4 асистенции, односно индексни 22,7 поени.

ПретходноГоран Пандев во тимот на Светот против златната генерација на Романија од СП 1994
СледноКаква бламажа – Њукасл изгуби 0:8 од тим кој досега не победил никого