Тијаго Мота од Јувентус ќе побара да му донесат двајца играчи на Болоња

1677

Тијаго Мота потврди дека ја напушта Болоња по фантастичната сезона на клупата на тимот од Емилио-Ромања во која е изборен пласман во Лигата на шампионите. Следна дестинација на тренерот треба да биде Јувентус.

Неофицијално, тој ќе потпише тригодишен договор вреден 5 милиони евра по сезона и ќе почне нов проект во Јувентус по заминувањето на Макс Алегри.

Торински „Тутоспорт“ пишува дека Тијаго Мота ќе се сретне со директорите на Јувентус во понеделник по последниот меч на Болоња. А Мота наводно побарал од спортскиот директор на „Старата дама“ Кристијано Џунтоли во Торино да му ги донесе Џошуа Зиркзе и Рикардо Калафиори.

Калафиори има 22 години и е централен дефанзивец, додека холандскиот интернационалец Зиркзе (23 години) е напаѓач и екс-фудбалер на Баерн Минхен.

ПретходноРеал ослабен во финалето на Лигата на шампиони
СледноКрај од соништата: Ристовска со осум гола и донесе титула на ЦСКА Москва