Хрватите се одлучија да не ја повлечат Македонија во група, што значи дека нашата ракометната репрезентација ќе оди во ждрепката за следното СП 2025. Организаторите Норвешка, Данска и пред сè Хрватска, ја изоставија нашата репрезентација при распределбата во групите.
Очекувањата беа Хрватите да не изберат во некоја од групите кои ќе се играат во нивните градови домаќини, но тие решија самите да бидат во групата „Х“ во Загреб, а во овој град ќе игра и Словенија во групата „Г“. Австрија доби место во групата„Ц“ во Пореч, додека Унгарците се сместени во Вараждин.
Данците ќе бидат групата „Б“, додека Германија ќе игра во групата „А“ во во Хернинг. Во Норвешка ќе бидат домаќинот и селекцијата на Шведска.
Македонија сега ќе оди во ждрепка која ќе одлучи каде ќе играме во групната фаза на Мундијалот. Извлекувањето на групите го чекаме од третиот шешир, а истото е закажано вО Загреб на 29 мај.