Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е запрен во полуфиналето на АТП турнирот во Женева по поразот од Чехот Томас Махач со 2:1 во сетови.
Махач кој е 44. тенисер на АТП листата го совлада српскиот тенисер за два часа и осум минути по гемови 4:6, 6:0 и 1:6.
Следно за Ѓоковиќ е настапот на Ролан Гарос и во првото коло ќе игра против Пјер Иг Ербер од Франција. А Махач во финалето ќе игра против подобриот од дуелот Флавио Коболи-Каспер Руд.