Њукасл постави цена од астрономски 150 милиони фунти за Исак!

156

Британски „Телеграф“ пишува дека раководството на Њукасл ставило цена од 150 милиони фунти за евентуална продажба на најдобриот напаѓач на тимот, Швеѓанецот Исак. Според „Гардијан“, шведскиот напаѓач е на трансфер списокот на Арсенал, но гласините за високата цена на Исак сериозно ќе го отежнат евентуалниот негов трансфер на „Емирати“.

„Телеграф“ пишува дека раководството на Њукасл на никаков начин не е заинтересиран да преговара за продажба на 24-годишниот напаѓач, кој минатата сезона постигна 25 гола на 40 натпревари. Сепак, ако дојде понуда во висина од над 150 милиони фунти, тогаш може да се случи Исак да замине од „Ст. Џејмс Парк“.

Александар Исак му се приклучи на Њукасл од Реал Сосиедад во летото 2022 година. Договорот на Швеѓанецот со клубот е до 2028 година.

ПретходноИталијански стратег на клупата на Ајакс
СледноБостон рутински до 2:0 против Индијана во финалето на Истокот (ВИДЕО)