Ќе заигра „метла“ во Баерн: Седум фудбалери одат на продажба

1050

По очајната сезона завршена без трофеј, Баерн (М) заедно со тренерот Томас Тухел ова лето ќе се поздрави и со уште седум фудбалери кои треба да го напуштат тимот. Баварците се подготвуваат за вистинска реконструкција на тимот, па затоа голем дел од актуелниот ростер ќе биде променет.

„Раководството на Баерн ќе започне сеопфатно реновирање и чистење на тимот веднаш штом новиот тренер ќе го преземе тимот“, пишува весникот „Билд“.

Серж Гнабри кој има договор до 2026 година е прв кандидат за продажба. Гнабри има плата од дури 20 милиони евра и мора да биде продаден. Втор на ред за продажба е Кингсли Коман (27), а голема е веројатноста за заминување и на Џошуа Кимих.

Покрај овие тројца Баерн на продажба ќе ги стави и Леон Горецка, Дајот Упамекано, Алфонсо Дејвис и Нусаир Мазрауи.

ПретходноКошаркарска еуфорија во Берлин: Почнува битката за европскиот трон!
СледноХрватите не нè одбраа, одиме во ждрепката за групите на СП 2025