Егзибициски фудбалски меч ќе се одигра утре во Букурешт, а ќе се соочат „златната генерација“ на Романскиот фудбал од СП 1994 година против тимот на Светот.
Романија на тоа СП што се одигра во САД стигна до четвртфиналето што се уште е најголем успех на романскиот фудбал воопшто. Мечот ќе се игра во сабота (25 мај) на „Националната арена“ во Букурешт.
За Романија ќе играат Гица Попеску, Димитреску, Лакатуш, Прунеа, Лупеску, Мунтеану, Дан Петреску…
За тимот на светот ќе настапи и екс-македонскиот напаѓач Горан Пандев. Негови соиграчи ќе бидат Панучи, Литманен, Фернандо Коуто, Карембеу, Стоичков, Савиола, Дида, Мајкон…