Капитенот на Наполи, Џовани Ди Лоренцо, наводно му соопштил на новиот спортски директор на клубот дека неговата желба е да го напушти Наполи ова лето. Според информациите на италијанските медиуми, тој повеќе не ја чувствува почитта што ја имаше претходно во клубот.
Весникот „Кориере дело Спорт“ објави дека Ди Лоренцо кој вклучен во списокот од 30 фудбалери на репрезентацијата на Италија за Евро 2024, официјално му ја соопштил својата одлука на клубот.
Договорот на Ди Лоренцо со Наполи истекува во 2028 година.