„Златна ракавица“ за голманот на Монца, Влаховиќ е најдобар напаѓач, награди и за Зирке, Бастони…

418

Голманот на Монца, Микеле Ди Грегорио е прогласен за најдобар голман во Серија А за сезоната 2023/24. Италијанскиот репрезентативец победи во конкуренција на чуварот на мрежата на Аталанта, Марко Карнесеки и на Јувентус, Војчех Шчесни.
Ди Грегорио имаше 14 чисти мрежи сезонава во Серија А, а прими 35 гола во 33 натпревари. Тој не е во прелиминарниот список на Италија за ЕП 2024 затоа што Спалети се одлучи за Донарума, Викарио, Мерет и Проведел.

Најдобар играч од средниот ред е Хакан Чаланоглу од Интер. Најдобар дефанзивец е Алесандро Бастони, исто така од Интер. Најдобар млад играч е Џошуа Зирке од Болоња. Најдобар напаѓач е српскиот голгетер Душан Влаховиќ од Јувентус.

А очекувано, Симоне Инзаги е број 1 кај тренерите. Тој со Интер го освои „скудетото“, а ова е прва награда за него. Интер под негово водство победи на 29 од 37 меча, а забележа само два порази.

ПретходноЗаниоло го „пецна“ новиот директор на Борнмут: Полека, полека, сè има смисол…
СледноОФИЦИЈАЛНО: КК Дубаи во АБА лигата