Контроверзната турнеја на Њукасл во Австралија заврши со понижување на „Марвел“ стадионот во Мелбурн. Њукасл е поразен од тимот составен од најдобрите играчи на А лигата (најдобрата австралиска лига), кој претходно не победил никого.
Овој меч за Њукасл доаѓа помалку од 48 часа по ремито 1:1 со Тотенхем на „Мелбурн крикет граунд“ на кој „црно-белите“ победиле на пенали со 5:4.
Тренерот Еди Хоув за мечот со тимот на А-лигата одлучи да се потпре на младинскиот тим (само некои од првотимците влегоа во второто полувреме), па доживеа дебакл.
„Ѕвездите на А-лигата“ до сега имаа одиграно три меча и три пати биле поразени. Во 2013 година од Манчестер Јунајтед со 5:1, во 2014 година од Јувентус со 3:2, во 2022 година од Барселона исто така со 3:2.
Full-time in Melbourne. #GlobalFootballWeek // #NUFC pic.twitter.com/JD9T5dacTj
— Newcastle United FC (@NUFC) May 24, 2024