ОФИЦИЈАЛНО: КК Дубаи во АБА лигата

312

АБА лигата на својата веб-страница потврди дека нов член на оваа лига е КК Дубаи. Како што се наведува со соопштението, во прашање е повеќегодишен договор. Директорот на АБА, Дубравко Кметовиќ кажа дека е во прашање спортско-економски проект.
Во согласност со одлуката донесена на Собранието на АБА лигата и по усвојувањето на договорот на сопственикот, потпишан е повеќегодишен договор со Дубаи. Со ова се исполнети сите услови за спортска и деловна соработка почнувајќи од учеството на Дубаи во АБА лигата во сезоната 2024/25. При интензивна и отворена комуникација, со строго почитување на сите интерни акти на АБА-лигата, беа договорени сите детали за еден многу амбициозен спортско-деловен проект“, стои во соопштението на АБА лигата.

Претходно„Златна ракавица“ за голманот на Монца, Влаховиќ е најдобар напаѓач, награди и за Зирке, Бастони…
СледноГоран Пандев во тимот на Светот против златната генерација на Романија од СП 1994