ОФИЦИЈАЛНО: Лапорта му врачи отказ на Чави

270

Пукна љубовта помеѓу Барселона и тренерот Чави. По само неколку недели откако тренерот се согласи да ја продолжи соработката, дојде до пресврт. Претседателот Жоан Лапорта му врачи отказ на Чави и одлучи да бара нов тренер.
На Лапорта не му се бендисаа изјавите на Чави пред новинарите за финансиските потешкотии и неможноста да се трка со Реал Мадрид. Со тоа си ја загрози работата, а Лапорта не му прости.
Барселона која заврши како втора во Ла Лига зад Реал Мадрид, а пред Џирона, ќе има нов тренер. Се зборува за Ханси Флик, екс-тренерот на Баерн Минхен и поранешен селектор на Германија.

ПретходноИсториски момент во Кавадарци: Прв кошаркарски турнир за лица со инвалидитет
СледноФФМ: Прифатен беше предлогот на Вардар да се игра во Струмица, Федерацијата има еднаков однос кон сите клубови