Ненад Димитријевиќ се најде во тимот на колото за полуфиналните битки во ВТБ-лигата. Овој податок веќе не е изненадување бидејќи македонскиот репрезентативец повторно беше причината за пласман на Уникс Казан во финалето на ова натпреварување, каде титулата ќе ја брани против ЦСКА Москва.
Димитријевиќ во моментите кога се решаваше победникот постигна серија на поени и го отвори патот на Уникс кон победата. Нено постигна 31 поен, 6 скока и 6 асистенции.
Овој дел од плеј-офот го заврши со 18,9 поени, 4,1 скок и 7,4 асистенции, односно индексни 22,7 поени.
View this post on Instagram