Ханси Флик наскоро и официјално ќе биде назначен за нов тренер на Барселона. Синоќа каталонските изданија објавија дека паднал договор меѓу германскиот стратег и претседателот на Барселона, кој наскоро ќе објави за доаѓањето на некогашниот германски селектор на кормилото на каталонскиот гигант.
Флик во својот план за „новата“ Барселона веќе навел и кои ќе му бидат првите играчки приоритети на трансфер пазарот. Каталонските медиуми пишуваат дека Германецот сака да го доведе во тимот Џошува Кимих од Баерн, бидејќи за него тој беше клучен играч и во Баерн и подоцна во германската репрезентација. Наводно, Баерн ќе биде принуден да го продаде за сума од 40 милиони евра, бидејќи Кимих влегува во последната година од договорот.
Второто засилување кое Флик ќе инсистира да го види во дресот на Барселона е Гвидо Родригез, последниот играч за врска на Бетис, кој станува слободен играч и пристигнува без обештетување.
Се очекува Флик да добие уште неколку засилувања, пред се на крилните позиции, а во неговите планови најверојатно нема да бидат Жоао Феликс и Феран Торес, како и Рафиња.