Одбојкарите издоминираа против Азербејџан за прва победа во Златната лига (ФОТО)

228

По двата порази на стартните два меча на турнирот во Струмица, машката одбојкарска репрезентација на Македонија ја оствари првата победа во Златна лига 2024. На турнирот во белгискиот град Беверен, избраниците на селекторот Хари Наковски, лесно и убедливо славеа над селекцијата на Азербејџан, со што дојдоа до една од најмалку две најавени победи во трката да се обезбеди опстанок во европската елита.

МАКЕДОНИЈА – АЗЕРБЕЈЏАН    3:0 (25:17, 25:17, 25:18)

Нашите одбојкари уште во првиот сет најавија дека денеска во Беверан ќе го запишеме првиот посакуван триумф. Почнавме добро, солидно на приемот и со добра реализација во нападот и успеавме да направиме предност од 8:5, која како што ородолжи сетот кон средината дојде и до 16:9. Во завршницата Азербејџан се обиде да намали, но успеавме да го задржиме и темпото на игра и резултатската предност за 25:17. Никола Ѓоргиев и Филип Савовски одиграа извонредно и со по 5 поени учествуваа во освојувањето на сетот.

Слично тргна и вториот сет. Направивме разлика од неколку поени на стартот и до средината на сетот имавме константни плус четири (16:11). Потоа уште повеќе го подобривме нападот и приемот на сервис, а Азербејџан веќе немаше начин како да ни парира. Во финишот на сетот влеговме со плус 10 (22:12) и веќе се беше јасно. До крајот им дозволивме на противниците да ја намалат разликата и со идентични 25:17 како во првиотсет дојдовме до предност од 2:0. Савовски имаше уште еден извонреден сет со 8 реализирани поени (од кои дури 5 блока), а Никола Ѓоргиев имаше 6 поени од напад.

Извонредната партија ја заокруживме со одличен трет сет. Доминацијата во сите елементи на одбојкарската игра дојде до израз, а Азербејџан едноставно немаше одговор за нашата селекција. Без многу проблеми дојдовме до убедливи 19:10, за повторно во финишот им дозволиме на противниците да скусат од разликата за конечни 25:18 и 3:0 во сетови. Стојан Илиев во третиот сет беше одличен со пет поени од напад.

Одлични денеска во нашиот тим беа Никола Ѓоргиев и Филип Савовски кои завршија со по 15 поени, 10 имаше Стојан Илиев, а 8 нашиот втор примач Владо Милев.

Утре во 15 часот во истата оваа сала играме со селекцијата на Белгија, која вчера со 3:0 исто така славеше над Азербејџан.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноСелтик ја освои двојната круна во Шкотска (ВИДЕО)
СледноБаражи: Победа, Борец и Вардарски следната сезона ќе играат во ВМФЛ!