Навистина совршена сабота за Алеш Еспаргаро. Тој со својата Априља прво се избри за пол – позиција во квалификациите за ГН на Каталуања, а потоа победи и во спринтот во Мото ГП.
На втор место во спринтот се најде Марк Маркес а на подиумот се најде и Педро Акоста кој веќе не е сензација, иако оваа сезона му е прва во Мото ГП.
Интересно е тоа што дури тројца возачи кои беа на чело, но предвреме ја завршија трката. Прво тоа беше Раул Фернандез, потоа Бред Биндер, за овие пехови завршија со Франческо Бањаја.