Трајковски со хет-трик ја затвори сезоната во дресот на Хајдук

585

Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски на најдобар можен начин ја затвори сезоната во дресот на сплитски Хајдук. Во последното коло од шампионатот, денеска Хајдук славеше на гостувањето кај Локомотива во Загреб со 5:2, а нашиот голгетер постигна хет-трик.

Трајковски ги постигна првите два гола за Хајдук во 18. и 38. минута, а потоа откако Хајдук поведе и со 4:0, домашните успеаја да намалат на 4:2. Третиот гол за круна на натпреварот, Трајковски го постигна во 72. минута.

Нашиот репрезентативец сезоната во дресот на сплистките бели ја завршува со 7 гола и три асистенции, но за жал, Хајдук малку порано ја загуби битката за шампионската титула. Сепак, добрата голгетерска форма на Алекс радува пред собирот на нашата репрезентација и двомечот со Хрватска и Чешка во јуни.

ПретходноПогачар на чекор до историја: Утре ќе ја освои и „Џиро Д’Италија“
СледноЗа првпат во историјата: На Копа Америка ќе судат и жени!