Според „Опен-ТВ“ еден од најголемите таленти во нашата земја, Алтин Алији (25.08.2006), младиот напаѓач на Македонија ЃП и Македонија до 19 години, одлучил да го промени националниот дрес и да игра за Албанија до 19 години.
Според изворот на Open-TV, Алији веќе ја добил поканата да се појави на следниот собир на репрезентацијата на Албанија.
Алији досега играше за селекциите У16, У17, 18 и У19 на Македонија. Во март со репрезентацијата до 18 години против Естонија тој ги даде сите три гола.
Тој минатата година потпиша четиригодишен професионален договор со Македонија ЃП.