Арне Слот веќе е во Ливерпул, ќе зема двојно помала плата од Јирген Клоп!

789

По се изгледа на Арне Слот му се брза да почне да го води тимот на Ливерпул. Иако сезоната во ПЛ заврши минатиот викенд, а играчите се на одмор, а договорено е на 1 јуни тој и официјално да биде промовиран од страна на “Редси“, Холанѓанецот е веќе во градот Ливерпул. Тој е виден во еден познат ресторан во градот. Како што се вели Слот сака го запознае градот, клупската инфраструктура и слично.

Инаку што се однесува до договорот тој е потпишан на три години до 2027, а годишната плата без бонуси ќе му биде 8 милиони евра. Тоа значи дека Холанѓанецот ќе зема двојно помалку од Јирген Клоп кој без бонуси беше платен 17 милиони евра годишно.

Сепак Слот не е за жалење, досега во Феенорд заработуваше 5 милиони евра, а сега ќе зема 8 милиони, и тоа без бонуси.

Претходно„Специјалниот“ кажа што мисли за Пандев: Македонски крал! (ФОТО)
СледноКреспо со најголем успех во тренерската кариера, ја освои ЛШ на Азија