Баер (Л) ја освои двојната круна во Германија

225

Фудбалерите на Баер Леверкузен по вторпат во својата историја го освоија Купот на Германија откако во финалето во Берлин го совладаа второлигашот Кајзерслаутерн со резултат 1:0.

Леверкузен на тој начин се закити со двојната круна во домашните натпреварувања откако претходно стана шампион на Германија, а беа блиску до комплетирање и на трофеј во Европа.

Одлучувачки момент вечерва беше голот на Гранит Џака во 16. минута кога со извонреден удар од околу 20 метри го постигна единствениот гол на натпреварот, што беше доволно за триумф.

Баер Леверкузен пред оваа сезона петпати беше вицешампион на Германија, трипати беше поразен во финалето на Купот, а еднаш играше и во финалето на Лигата на шампионите. За „фармацевтите“ ова беше четвртиот трофеј во нивните витрини.

ПретходноХокеарите на Чешка и Швајцарија ќе се борат за златото на СП
СледноДамјан е избран за МВП на финалната серија