Попладнево од 17 часот закажани се трите бараж натпревари за пополнување на ВМФЛ за следната 2024/25 сезона. Двојките се Вардарски – Кораби, меч кој се игра на “Борис Трајковски“ во Скопје, потоа Победа – Куманово во Ѓорче и Влазерими – Борец во Битола.
Значи има шест желби, но само три места во ВМФЛ за следната сезона. Победа во изминатата сезона играше во второлигашкото друштво, успеа да избегне директно испаѓање, но за конечен опстанок ќе мора да се помачи денеска против добриот тим на Куманово. Инаку покрај Куманово тука се и останатите победници во третите лиги и тоа екипите на Вардарски, Кораби, Влазерими и Борец.
Се игра по еден меч, нема поправен, победниците следната сезона ќе играат во Втората лига на Македонија,
ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 17 Ч
Вардарски – Кораби: Стадион „Борис Трајковски“ Скопје.
Победа – Куманово: Стадион Ѓорче Петров во Скопје.
Влазерими – Борец: Стадион “Петар Милошевски“ Битола.